9 работи кои всушност не се толку опасни како што мислиме

Нашиот свет може да биде прилично опасен, не можеме да го негираме ова. Но, некои работи не се лоши како што мислиме.

На пример, ајкулите, кои имаат репутација како крвави предатори, се далеку помалку штетни од кравите. А, да се купи хамбургер е далеку поризично отколку планинска експедиција.

1. Ајкули или крави?

И покрај лошата репутација што филмот Jaws го создаде за ајкули, тие не се најкрвавите животни на планетата. Кравите се многу поопасни од ајкулите. Веројатноста да бидете повредени од крава е 20 пати поголема отколку од ајкула.

2. Ролкеростери или голф?

Научниците веруваат дека љубовта кон ролеркостерите и другите екстремни работи зависи од биохемијата на мозокот – луѓето со високи нивоа на допамин, постојано сакаат да направат нешто опасно. И покрај тоа што се верува дека рокерскостерите се опасни, статистички, поопасно е да се игра голф. Иако изгледа безопасно, голферите имаат сериозни шинувања и хернијални дискови. Се разбира, никој не зборува за ова на телевизија.

3. Падобран или автомобил?

Според статистичките податоци, возењето автомобил е далеку поопасно отколку да скокате од авион со падобран. Податоците од Сојузот на падобрани на Соединетите држави сугерираат дека само еден од 100.000 скокови води до несреќа. Со други зборови, би требало да направите 17 скокови годишно за да ги приближите вашите шанси да бидете повредени во сообраќајна несреќа.

4. Алигатор или бања?

Статистиката сугерира дека бањањето е далеку поопасно од пливањето во езерце со алигатори. Се работи за нашата негрижа, луѓето често се капат со топла вода додека се пијани. Според статистичките податоци за напади на алигатор, бројот на починати во сопствената бања е далеку поголем.

5. Молња или паѓање од креветот?

Кој би помислил дека паѓањето од креветот е толку опасно? За време на траење од 10 години (2004-2014), помалку луѓе се повредиле од молња, од луѓето кои паднале од сопствените кревети. Молњите повредуваат околу 250.000 луѓе секоја година, но паѓањето од креветот е многу полошо. Особено, за постарите луѓе.

6. Лифт или скали?

Стравот од лифтови може да прерасне во вистинска фобија. Па, тоа е тесен простор и има многу механизми. Скалите изгледаат многу побезбедни и поздрави. Или не? Според статистичките податоци, одењето нагоре или надолу по скали е околу 60 пати поопасно отколку лифтот.

7. Планинарење или дебелина?

Оваа точка само може да ви помогне да изберете здрав начин на живот. Според статистичките податоци, планинарството е многу побезбедно отколку прекумерната телесна тежина (и сите поврзани болести). Ако ги следите сите правила за безбедност, качувањето по планини е многу побезбедно од јадењето брза храна и водењето на седентарен начин на живот.

8. Авион или продолжен кабел?

Страв од летање. Експертите го нарекуваат авиофобија. Сепак, според статистиката, летањето е далеку побезбедно од обичниот продолжен кабел што луѓето го користат секој ден во своите домови.

9. Лав или нилски коњ?

Се чини дека кралот на ѕверовите може да има достоен конкурент. Според статистичките податоци, лавовите не се толку опасни како оние симпатичните нилски коњи. И покрај нивната огромна тежина, овие животни можат да трчаат со 19 км на час, тие се многу агресивни и можат да уништат сѐ што е на нивниот пат.