9 работници дадоа отказ „со стил“ од Бургер Кинг и оставија порака за шефовите
Сосема е нормално луѓето да мечтаат за поинаков пат во кариерата, но малкумина даваат отказ заедно со колегите во истиот ден. Условите за работа во Бургер Кинг во Небрска, САД, ги натераа вработените да заминат „со стил“ , оставајќи интересна порака до повисокото раководство.
Причините за отказот вклучуваат несоодветни услови и недостаток на климатизација, поради што менаџерката Рачаел Флорес била хоспитализирана и приклучена на инфузија.
Хоспитализацијата и последователниот недостаток на желба да се реши проблемот со климатизцијата, доведе до тоа Флорес да го предаде своето двонеделно известување за отказ заедно со 8 други вработени.

На крајот на нејзиниот отказен рок, околу 6 часот наутро, Флорес и уште еден работник го смениле написот на знакот пред Бургер Кинг за да пишува: „Сите даваме отказ. Извинете за непријатноста“.
Вишото раководство ја контактирало Флорес и ѝ рекле дека треба да го смени знакот, но таа одговорила дека „не може да го стори тоа затоа што немало доволно персонал и само шо започнала паузата за ручек“.
