9 славни личности кои ги открија нивните познати симпатии. Но, дали љубовта била возвратена?

Исто како и обичните луѓе, убаво е да се знае дека и многу од познатите, не се имуни на чувствата за другите холивудски мажи и жени.  На оваа листа, некои од платонските љубови може да бидат очигледни и разбирливи, додека други се сосема неочекувани.

 

1. Кијану Ривс и Сандра Булок

 

„Размислувам колку беше сладок Кијану Ривс и колку беше убав. Беше тешко, тешко ми беше навистина да бидам сериозна“, се присети Сандра Булок при признавањето на нејзината голема љубов кон нејзиниот колега Кијану. И излегува дека чувството било возвратено и од Ривс. Сепак, ниту еден од нив не ги покажал своите чувства тогаш.

 

2. Ема Вотсон и Том Фелтон

 

Ко-ѕвездите кои ги играа непријателите на екранот Хермиона и Драко, соодветно, предизвикаа романтични гласини во тие години. „Се сеќавам дека ја користев познатата стара реплика: „Ја сакам како сестра“. Но, имаше повеќе од тоа“, рече Фелтон кога се отвори за „искрата“ што ја имал со Ема Вотсон.

За возврат, убавата актерка размислувала за нејзините минати романтични чувства кон нејзиниот поранешен колега, велејќи: „Едноставно не знам како да го кажам тоа – само се заљубив во него“. Од друга страна, Вотсон појасни дека ништо „никогаш, никогаш, никогаш не се случило меѓу нив“, туку дека дека тие „само се сакаат“.

 

3. Леа Мишел и Зак Ефрон

Ѕвездата на „Glee“, Леа Мишел, се издаде себеси кога Елен Деџенерис ја замоли да направи избор помеѓу различни познати мажи. „Дај ми го Зак Ефрон секој ден!“, беше нејзиниот одговор.

 

4. Селена Гомез и Били Крудап

Познато е дека Селена Гомез има многу познати симпаати, но една од најизненадувачките е симпатијата кон  својот колега „Раддербес“ откако го видела како го игра гитаристот Расел Хамонд во филмот „Речиси познат“.

 

5. Аријана Гранде и Џим Кери

„Го сакам толку многу“, вели Аријана Гранде, за нејзината детска долгогодишна љубов Џим Кери. Таа вели дека првите симпатии започнале откако го гледала филмот „Маска“.

 

6. Двејн Џонсон, Џенифер Лопез и Рејчел МекАдамс

Иако призна дека има најдобри односи со неговата сопруга Лорен Хашијан, Двејн „Карпата“ Џонсон не се двоумеше да ги открие неговите две симпатии, Рејчел МекАдамс и Џенифер Лопез.

 

7. Кеша и Хари Стајлс

„Тој е прекрасна работа, нели? Нема да го јадам… само малку би го штипкала“. Со овие зборови Кеша ја опиша симпатијата кон поранешниот пејач на „One Direction“, Хари Стајлс и така стави до знаење колку многу го обожава.

 

8. Метју Меконахи и Рис Витерспун

„Таа беше една од моите рани, рани симпатии… Вистина е, тоа е вистинска приказна“, откри Метју Меконахи за време на сегментот прашања и одговори во една ТВ емисија. Сепак, чувството не било взаемно, бидејќи згодниот актер не се нашол меѓу првите на листата на симпатии на Витерспун.

 

9. Хелен Мирен и Вин Дизел

Хелен Мирен зборувала за тоа како еднаш го гледала Вин Дизел кога држи говор на церемонија, велејќи дека тој е „толку паметен, толку смешен и толку кул“, додавајќи: „Едноставно малку се заљубив во него токму таму и тогаш“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *