9 смешни стрипови за родителство кои се речиси премногу реални
Брајан Гордон е карикатурист. Тој е исто така татко, што значи дека има многу инспирација за стриповите за родителство што ги создава за неговата веб-страница, „Fowl Language“.
Обработува многу теми, но неговите урнебесни стрипови за родителство се тие што станаа вирални.
„Моите стрипови се главно автобиографски“, вели Гордон. „Имам две деца кои имаат 4 и 7 години, и често, она што го пишувам се има случено истиот ден“.
1. Моето дете со храна наспроти со сѐ останато.
Со храна: Бљак! Има семки во лебот!
Со сѐ останато: Господе боже дали бутна камења во устата?!
2. Нешто полошо од куќа исполнета со деца што вриштат е куќа исполнета со тивки деца, е тогаш се случува нешто што не треба.
Хмм што убаво тивко.. Ох боже!
3. Бев кул и правев кул нешта, а сега се објаснувам со мојата мала верзија како да оди во тоалет.
Мораш да пушташ вода И да ги миеш рацете!
4. Време за мене!
Децата се конечно успиени. Се е средено. Па сега можам да правам што сакам!
Неколку моменти подоцна…
ZZZZZZZZZ
5. Моите деца мора да водат ваков разговор кога не сум во собата.
Досадно ми е! Сакаш да се тепаме и да се нервираме еден со друг?
– Ама само ако сето тоа заврши со двајцата да плачеме!
6. Трудот се исплати ама понатаму.
Леле Господе! Се насмеа! Значи навистина цениш се што правам за тебе и како се убивам од работа само за да те одржам жив и добар!
– Не. Само какам.
7. Моето дете во иднината наспроти сега.
Во иднината: Па, од каде мислиш дека потекнува стравот од бројот три?
Сега: Тоа е! Последно предупредување! ЕДЕН! ДВА!….
8. Децата и нивните пресериозни сфаќања за работите.
Дали си замислувам или твоето дете е на работ на смртта?
– Всушност само што забележа дека ѝвиси конче од маицата, така да да, е на работ на смртта.
9. Родителството и љубовта.
Леле начинот на кој објаснуваш… имањето деца навистина звучи ужасно.
– Да, добредојде во родителството.
Па, ме убеди. Никогаш нема да имам деца.
– Штета. Тие се прилично прекрасни.
Само што ми кажуваше колку родиелството е ужасно.
– Да се разбира. Претежно е макотрпно и фрустрирачном, но сепак е најдоброто нешто.
Тоа нема никаква смисла.
– Да, добредојде во светот на родителството…
Коментирај анонимно