9 видови храна кои биле вклучени во исхраната на луѓето кои живееле над 100 години

Луѓето кои доживеале 100 години и повеќе честопати добиваат прашања за начинот на нивната исхрана. Нормално, очекуваме да слушнеме одговори што вклучуваат овошје, зеленчук или, едноставно, балансирана исхрана воопшто. Сепак, има некои луѓе чии одговори може да бидат малку поспецифични, а на моменти дури и необични. Ние ги откривме нивните необични тајни во исхраната.

1. Сланина

Сузан Мушат Џонс доживеа 116 години. Таа беше позната по тоа што појадуваше 4 ленти сланина, јајца и гриз. Според нејзината внука, Сузан понекогаш „ја земала последната лента, ја преклопувала во салфетка, ја ставала во џеб и ја чувала за подоцна“. Се разбира, фактот дека спиела по околу 10 часа секој ден може да придонел и за нејзиниот долг живот.

2. Сурови јајца

Родена во 1899 година, Ема Морано, која живееше до 117 години, имаше необична исхрана која започнала во нејзините тинејџерски години. Повеќе од 90 години од нејзиниот живот, таа ги вклучуваше овие работи во својата диета: 3 јајца на ден, од кои 2 сурови. Морано исто така уживаше да јаде колачиња.

3. Чоколадо

Најстарата личност чија возраст е најдобро документирана е Џин Клемент која доживеа 122 години. Водеше активен животен стил и можеше да вози велосипед се до својата 100-та година. Тоа, изјавила дека ужива да јаде чоколадо и јадела околу 2кг неделно.

4. Чипс од компир

Матилда Курчија достигна 101 година од животот со необична основа во исхраната. Интервјуата открија дека освен нејзината секојдневна рутина за вежбање, таа исто така ја заслужува својата долговечност, делумно, јадејќи 3 кесички чипс секоја вечер.

5. Суши

Живеејќи 117 години, Мисао Окава веруваше дека 2 главни фактори придонеле за нејзиниот долг живот: спиење и суши. Освен што внимавала да спие најмалку 8 часа дневно, Окава особено уживаше во специфичен вид суши, а тоа е скуша со ориз на пареа од оцет.

6. Харинга

Хендрије ван Андел-Шипер, позната како Хени, својата долговечност ја припишува на јадење сурова солена харинга и пиење сок од портокал. Кога имала 82 години, Хени решила да го донира своето тело на наука по нејзината смрт. Таа доживеа 115 години.

7. Пржено пилешко и сладолед

За Гертруд Бејнс, која живееше до 115 години, сланината не беше доволна. Нејзината стабилна диета вклучуваше не само крцкава сланина, туку и пржено пилешко и сладолед. Според вработените во нејзиниот дом за стари лица, Бејнс била скромна жена, која исто така сакала да го гледа шоуто на Џери Спрингер.

8. Диетални газирани пијалоци

Тереза Роули секој ден ужива во конзерва диетална кока кола. Се разбира, не можеме да кажеме дека го пие целиот свој живот, бидејќи Роули е родена во 1914 година, 68 години пред да се креира пијалокот. „Го пијам затоа што ми се допаѓа“, изјавила таа во едно интервју кога имала 104 години.