9 вистински хорор приказни од родители кои решиле да ѝ веруваат на бебиситерката

Никогаш не можете со сигурност да знаете што навистина се случува кога родителите ќе ја напуштат куќата, а бебиситерката е оставена да ги чува децата. Тоа е мистерија исполнета со љубопитност и малку грижа. Но, со денешната технологија за надзор, некои родители открија што навистина се случува во тие моменти.

 

  • „Моите деца се уназадија во нивната способност за движење и се дебелееа, па затоа поставив шпионска опрема за да видам што се случува. Излезе дека нашата бебиситерка ги удвојувала порциите и насилно ги хранела нашите деца“.
  • „Имавме еден монитор во собата на нашето дете. Еднаш видовме на камерата дека нашиот син вели: „Мама рече дека не морам да го правам тоа!“ и дадилката возврати: „Па не е важно“. А потоа го извлече детето од собата држејќи го за неговата блуза“.

 

 

 

 

  • „Еден наш пријател маше 2-годишно дете. Тие најмиле дадилка да го чува во текот на денот. Детето почнало да изгледа неухрането. Така тие поставиле шпионска камера.
    Очигледно, госпоѓата го носела своето дете и го хранела со сета храна што останувала за детето кое требало да го чува. Потоа го хранела детето на пријателите со бисквити. Таа била веднаш предадена на полицијата“.
  • „Пријателката на тетка ми постави камера затоа што забележала дека секогаш кога ќе ја смени пелената на своето дете, детето почнувало да плаче многу повеќе од вообичаено. Излегло дека кога дадилката ја менувала пелената, таа користела марамчиња за дезинфекција, а не од оние за бебиња“.

 

 

 

  • „Пријателка ја фати својата дадилка како претура низ нејзиниот плакар и краде блуза. Таа се соочила со неа кога се вратила дома, а жената глумела невина. Таа всушност ја носела блузата на неа“.
  • „Семејството кадешто сум дадилка моментално ми кажа дека нивната претходна дадилка била фатена како ја остава нивната 3-годишна ќерка во када полна со вода до градите два часа секој ден додека таа седела во друга соба“.
  • „Сестра ми го фати бебиситерот како го пие мајчиното млеко. Очигледно момчето било некој фитнес фанатик и прочитал дека мајчиното млеко може да биде многу корисно.
    Колку и да звучи чудно, сестра ми излезе на крај со него. Таа го натерала да ја намали цената за чување во замена за малку мајчино млеко“.
  • „Еден мој колега видел дека, кога неговото 8-месечно бебе плачело, дадилката едноставно го игнорирала и продолжувала да гледа реалити шоу, не обрнувајќи му внимание“.
  • „Моите родители ја фатиле мојата поранешна бебиситерка како ги пере алиштата на неа и на нејзината цимерка, а тоа било буквално куфери со алишта. Сметката за вода била огромна, а моите родители се посомневале бидејќи сапунот за перење постојано исчезнувал, па поставиле камери“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *