93-годишен старец се изнервирал затоа што немало отштета за неговиот дом и реши да се справи со менаџерот на жесток начин

93-годишниот Роберт Томас прилично се вознемирил откако неговиот стан бил оштетен од вода во Лас Вегас и за тоа го обвинил раководниот кадар на канцеларијата за лизинг на становите Виста Дел Вале.

Така изреволтираниот старец влегол во нивните канцеларии и додека секретарката да повика полиција тој извадил пиштол и пукал во мониторот, а потоа и во двете нозе на менаџерот.

Полицијата набргу пристигнала, пукала во близина на Роберт со што полицаецот погодил стакло и Роберт завршил со посекотина на челото, а менаџерот со две прострелни рани на нозете. Додека полицајците го носеле Роберт врескал дека повторно ќе го направи истото.

И двајцата биле однесени во болница и менаџерот е пуштен на домашно лекување наредниот ден, а Роберт завршил во притвор со кауција од 25.000 долари, токму затоа што тврдел дека нема што да изгуби и повторно ќе нападне некого.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!