93-годишна жена преку знак побарала да ѝ донесат „неопходни намирници“ и токму тоа и го добила

Олива Веронеси од Питсбург, Пенсилванија, ги почитува советите на здравствените организации и помага да се „израмни кривата“ останувајќи дома.

Како резултат, таа се потпира на другите луѓе да ѝ ги доставува нејзините резерви како храна, тоалет и, очигледно, пиво.

Олива ги известила соседите и нејзината ќерка дека ѝ се потребни „неопходни намирници“ така што држела лименка од пивото Coors Light на прозорецот со знак на кој пишува: „МИ ТРЕБА УШТЕ ПИВО“. Старицата вели дека и останале „само“ 12 лименки и нема да ѝ траат долго бидејќи пие пиво секоја вечер.

„Знаете што, пивото има витамини во него, добро е за вас, сè додека не претерувате.“, вели Олива. Наскоро фотографијата од жената со знакот завршила на социјалните мрежи, а од компанијата која го произведува пивото решиле да ѝ ја исполнат желбата.

Олива добила 150 лименки од пивото Coors Light и сега ќе може спокојно да си одмара во изолацијата. 93-годишната жена не губела време и веднаш штом пристигнало пивото си отворила лименка и рекла: „Ова има многу добар вкус.“ Подоцна го „ажурирала“ својот натпис со зборовите: „ДОБИВ УШТЕ ПИВО“.