95-годишната баба од Швајцарија раскажа како се излечила од коронвирусот

Швјцарија е на деветтото место во светот по број на пациенти со КОВИД-19, со над 15.000 заболени. Меѓу нив беше и 95-годишната пензионерка Гертруд Фатон од малото градче Ле Лок. И покрај нејзината длабока старост, таа успеа да ја победи болеста. Таа исто така раскажа како поминала нејзината борба.

Никој од 10-те внуци и 11-правнуци не можел да ја посети својата сакана баба. Таа била дома една недела пред да почне да има компликации. Веднаш штом се влошило дишењето, таа била однесена со брза помош во локалната болница.

„Лекарите ми земаа крв и ми го мереа крвниот притисок. Тие вбризгуваа антибиотици низ моите вени три пати на ден. Беше многу тешко, но генерално издржливо. Не се плашев од смртта“, рече таа.

Гертруд била во единицата за интензивна нега една недела. Според пензионерката, таа успеала да ја победи болеста благодарение на антибиотиците и лекот против мларија „хлорокин“.

Нејзината ќерка објасни:
„Се сеќавам дека лекарите ми се јавија и ми рекоа дека ниво на кислород во крвта започна да ми се спушта. Лекарите имаа само 24 часа да ја спасат. Јас бев многу исплашена дека ќе се збогувам со неа таа ноќ“.

Веќе третиот ден од терапијата, нивото на кислород во крвта на Гертруд се вратило во нормала.

„Можев да разговарам со неа двапати на ден. Кога забележав дека кога зборуваше со мене, таа почна да кашла помалку, сфатив дека сме ја надминале болеста“, додва ќерката.