99-годишниот дедо од Берово (виц)

Отишол еден новинар во едно беровско, планинско село, да направи интервју со дедо Петре, кој имал 99 години, а сѐ уште бил многу витален.
– Дедо Петре, кажете ми кој е рецептот да се дочека 99-тата година на нозе?
– Ракијата е и проблемот и решението внучко. Еднаш годишно јас си правам алкохолна терапија на целиот организам!
– И колку испивате тогаш?
– Тој ден јас не пијам…