„99,9% од луѓето велат дека сме близначки“: 37-годишна инфлуенсерка тврди дека постојано ја мешаат со Џенифер Лопез. Па, се согласувате?
Евелин Родригез (37), која има повеќе од 170.000 следбеници на ТикТок и над 100.000 следбеници на Инстаграм, вели дека нејзините објави секогаш привлекуваат куп коментари со обожаватели кои ја споредуваат со латино пејачката.


„Гуруто“ за шминкање, која е родена во Доминиканската Република, а сега е со седиште во Бронкс, Њујорк, вели: „Не бев изненадена од ниту еден од коментарите бидејќи тоа ми го кажуваа цел живот. 99,9% отсто од луѓето велат дека сме близначки, но други велат дека сум мешавина од Кејт Хадсон и Џеј Ло“.



Некои од неодамнешните објави на Родригез во ТикТок всушност покажуваат како ги рекреаира некои од изгледите на Џенифер Лопез.
По објавувањето на видеото, луѓето во коментарите ја поздравија сличноста на Родригез со Џеј Ло.
Еден напиша: „Не ти треба ни шминката! Многу личиш на неа!“
Друг додаде: „Девојко дали сте нејзината одамна изгубена близначка или нешто слично?“


Родригез вели дека почнала да добива коментари дека изгледа како Џеј Ло откако се преселила во САД на деветгодишна возраст. Кога имала 16 години, почнала да работи во Мекдоналдс и клиентите честопати ја забележувале сличноста. Многупати била запрена од непознати лица, вклучително и еднаш додека возела, а исто имала случаи и со упорни луѓе кои не прифаќале „не“ за одговор. Иако би можела да ја искористи сличноста во своја полза, Родригез вели дека секогаш им ја кажува вистината на луѓето веднаш.

Таа започна да создава содржини на TikTok и Instagram под името @pocaeve за да споделува забавни видеа со шминка. Но, бидејќи постојано е бомбардирана со коментари за сличностите, таа решила да го прифати тоа. И иако споделува различни начини за шминка воедно ги рекреира и изгледите на Џенифер.
„Забавно ми е кога луѓето не можат да престанат да ме зјапаат и ме прашуваат „Дали знаеш на кого личиш?“ бидејќи одговорот е секогаш ист.
Родригез никогаш не се сретнала со својата славна „близначка“, но вели дека би сакала.

ako imas i gaz kako nea sigurno ke te mesaat
Uporno ja kopira na djenifer lopez….demek posle licela na njeze epa lici cim ja kopira
Коментирај анонимно