10 кратки вицови за повесел викенд
– Ја трошам целата плата на психијатар.
– Што ти се е случило?
– Се оженив за неа.
– – – – – –
Зад секое грдо детско име, стои по една среќна баба.
– – – – – –
Ако наеднаш мајката на твојата жена започне да те вика „синко“, значи веќе е пролет и во градината има многу работа!
– – – – – –
Сабајлево се искапев. Мажот ми не отиде на работа. Помислил дека е недела.
– – – – – –
Не си вистински Македонец, ако немаш пред вратата стари чевли (подгазени), со кои што одиш да го фрлаш ѓубрето!
– – – – – –
– Те сакам.
– Благодарам!
– Очекував друг одговор…
– Благодарам многу!
– – – – – –
Некаде во Чернобил:
– Порција свински крилца ве молам…
– – – – – –
– Мојата жена постојано си наоѓа повод да ми противречи!
– Ти си среќлија, на мојата повод не ѝ треба!
– – – – – –
Раскинување во 1999:
– Да ми ги вратиш ЦД-њата…
Раскинување во 2021:
– Да ми ги избришеш голите слики!
– – – – – –
Долга врска во денешно време е, кога на 14.02 и 08.03 подаруваш цвеќе на една и иста женска.
