10 кратки вицови за инстант разведрување

– А бе Тоше, зошто се женеше, кога пак сам си ги переш гаќите?
– Не бе, тие се нејзините…

– – – – – –

Чук, чук…
– Кој е?
– Љубовта на твојот живот!!!
– Лажеш! Пивото не зборува!

– – – – – –

– Што се случи со оној симпатичниот дечко, кој беше многу вљубен во тебе и секој ден ти носеше цвеќиња?
– Се ожени за цвеќарката.
– Е па кој чека…

– – – – – –

Пред Фејсбук, само најблиските од твоето семејство знаеја дека си глуп.

– – – – – –

Влегува Македонец во бар во Њујорк и го вика келнерот:
– Еј ти!
И овој му носи 8 чаја.

– – – – – –

Бог ја измислил гравитацијата за да не го испо*ереме и Космосот!

– – – – – –

– Келнерче, сакам да ми ги донесеш Снежана и седумте џуџиња!
– Што е пак тоа?
– Сега ќе ти објаснам и да си знаеш. Снежна, ти е голема шопска, покриена со сирење, да личи како снег, а 7-те џуџиња се 7 мали ракии!

– – – – – –

Маж на смртна постела:
– Мила, сакам да се омажиш за комшијата Стефан!
– Ама како така, нели го мразиш?
– Ооо… само да знаеш колку!

– – – – – –

– Мажу, чај, кафе, малку романтика, да потанцуваме? Или пиво, водка, па директно во кревет?
– Еј каква жена си значи?! Сѐ ќе направиш, само и само да не готвиш!

– – – – – –

– Тато, вистина ли е дека еден стар пријател е подобар од двајца нови?
– Дааа… а со пријателките е обратно!