Полицијата во Шпанија заплени специјална подморница која може да пренесе два тони дрога

Полицијата во Шпанија објави снимка од огромна подморница која може да пренесе до два тона дрога откако ја пронајде за време на операцијата за сузбивање на нелегални материи.

Синиот објект бил конструиран од стакло и пластика, а бил опремен со волан и два внатрешни мотори со моќност од 200 коњи, како и изобилство на простор за складирање што може да се користи за транспорт на дрога.

Со должина од девет метри, подморницата има три дупки од едната страна и беше откриена минатиот месец во индустриски магацин во јужниот град Малага.

Погледнете ја снимката од подморницата подолу:

Во објава на Твитер, шпанската национална полиција рече дека „полупотопниот“ брод е првиот од ваков вид во Шпанија и дека се подготвува за трговија со дрога, но сè уште не бил користен од учесниците во операцијата.

Откритието е направено како дел од пошироката операција против криминалот со дрога, во која учествуваат уште пет нации и агенцијата за криминал на ЕУ, Европол.

Полицијата соопшти дека 52 лица биле приведени за време на рациите низ Шпанија, што исто така резултирало со демонтирање на лабораторија за дрога и откривање на голема количина кокаин и хашиш, кои биле запленети од полицајците.

Зборувајќи за откривањето на подморницата“, Рафаел Перез, шефот на шпанската полиција, рече: „Сметаме дека требаше да оди на море да се сретне со поголем брод за да внесе дрога“.

Иако подморницата беше прва направена во Шпанија, таа не е прва што се најде во земјата. Во 2019 година, брод натоварен со повеќе од 2.000 килограми кокаин беше запленет во северо-западна Шпанија откако се заглави. Се веруваше дека таа подморница за шверц на дрога потекнува од Колумбија. Две лица беа приведени во врска со откритието, а полицијата започна истрага за да утврди кој требало да ја прими пратката од дрога.

Слични пловни објекти наводно биле откриени во минатото во Пацификот и Атлантикот, особено во близина на Централна и Јужна Америка. Иако голем дел од подморницата може да оди под вода, домашните конструкции ретко се во можност целосно да се потопат.