Пандемиска понуда: Туристичка турнеја над Чернобил што се распродаде за еден миг

И покрај пандемијата и неповолните ситуации на патувања, Чернобил продолжува да привлекува туристи. Сепак, овој пат тие не шетаат низ напуштениот град Припјат, туку гледаат сè од небото. Оваа идеја дефинитивно ќе била неприфатлива пред една година но сега ситуацијата ги оправдува средствата.

Со цел пилотите да не бидат во мирување и луѓето сè уште да патуваат, некои азиски земји започнаа „летови до никаде“. Едноставно се качувате, се возите низ небото и се враќате на аеродромот од кај што полетавте. Компанијата Украина Интернешнл, се разбира, во Украина, започна да нуди слична работа, само тие ве водат на турнеја ни помалку ни повеќе туку во Чернобил.

Турнејата започнува на мала надморска височина, при што се гледа Киев, а веднаш по неа, се лета до Чернобил. Првиот лет, кој беше на 7 март, бил целосно распродаден, а вториот, кој бил на 13-ти овој месец, исто така е распродаден. Авионот ќе лета само на 900 метри, а по главниот град ќе лета 100 километри на север, кон местото на големата трагедија.

Патувањето ќе трае вкупно еден час и десет минути, а сите што сакаат ваква авантура ќе платат приближно 5.300 денари.