Еве која е љубовницата на Алекс Родригез, со која ја изневери Џенифер Лопез

Првата работа која што некој би си ја помислил е: „Како некој може да ја изневери Џенифер Лопез?“ Но, ете кај познатите се случуваат и вакви работи. Според гласините, Алекс ја изневерил, но Џени го толерира и му понудила да одат на брачен советник. Медисон Лекрој е 30-годишна актерка и модел која се прослави со учеството во ТВ-шоу и наводно таа му е љубовница на Родригез. Алекс негирал дека бил заедно со девојката и вели дека само разговарале на Фејстајм, но и тоа било доволно за да ја изнервира Џеј Ло.