10 кратки вицови за долго смеење

– Што работиш?
– Инфлуенсер на Инстаграм. А, ти?
– Така ли? Е па тогаш јас сум милионер на Монопол.

– – – – – –

Се гледам денес во огледалото…Божееее, каква убавина… Се качувам на вагата… Божеее, ем квалитет, ем квантитет…

– – – – – –

Англиските научници утврдиле дека при љубомора, организмот започнува да произведува големо количество на калциум, од кој со тек на време се формираат рогови.

– – – – – –

Се мислам веќе да си го избришам акаунтот на Фејсбук… Се наполни со разни чичковци и тетки, кои што тврдат дека ми биле соученици…

– – – – – –

– Вино?
– Не, штетно делува на моите нозе.
– Отекуваат ли?
– Се шират!

– – – – – –

Најдоброто место за да ѝ раскинеш на жена е McDonalds. Нема ножеви, нема вилушки, нема ни чинии. И човек секогаш може да се скрие заад некое дебело дете…

– – – – – –

Ракија и жена над 50 се оган!

– – – – – –

Социолошко проучување откри кои се посакуваните професии на младите парови: Таа – инфлуенсерка, Тој – јутубер. Останува само да се реши од каде ќе доаѓаат парите – од неговите или од нејзините… родители?

– – – – – –

Пивото си го чувам ниско во фрижидерот. За да си земам едно мора да клекнувам и така со правам вежби за нозете. Следете ме за уште фитнес совети.

– – – – – –

– Офф, сестро… пак сум трудна! Како да има нешто во воздухот…
– Па секако дека има – твоите нозе!