Австралија погодена од „библиската“ чума на глодари: милиони глувци ги нападнаа селата

Глувци и стаорци ги преплавуваат руралните градови во Австралија и ги бришат земјоделските култури, додека земјата продолжува да се бори против нив. Жителите на Нов Јужен Велс и Јужен Квинсленд во последните месеци видоа хорди глувци кои напаѓаат домови, полиња и житници, а некои жители забележаа глодари во нивните извори на вода.

Експертите велат дека „чумата“ е предизвикана од неодамнешните обилни летни дождови во Источна Австралија, кои ја погодија земјата по повеќегодишна суша. Неколку луѓе завршиле во болница поради каснување од глувците. Здравствената служба Западен Нов Јужен Велс исто така објави случај на лептоспироза, ретка болест што може да предизвика откажување на бубрезите и менингитис, како резултат на присуство на глувци во човечки домови.