Лезбејки го убиле поранешниот дечко, а потоа се расфрлале со неговите пари
Мајра Переира и Елисангела Абас влегле во куќата на поранешниот љуовник на Мајра и го застрелале. Тие ги украле заштедите на човекот и ги потрошиле на патувања.
Жените на Денот на вљубените го нападнале 60-годишниот детектив Рикардо Араухо. Мајра го застрела својот поранешен љубовник, кој спиел мирно во кревет.
Убиството се случило во Рио де Жанеиро. Снимките од видео надзор покажуваат како парот влегол во собата на заспаниот човек, а потоа една од жените го застрелала. Љубовничките ги зеле парите од станот на жртвата и побегнале со неговиот автомобил.
Полицијата успеа да им влезе во трага на убијците откако споделија фотографии на Инстаграм. Девојките уживаа на одморот во луксузен хотел, плаќајќи го со украдени пари.
Лезбејките се запознале во затвор во 2019 година. Мајра издржувала казна за разбојништво, а Елисангела казна за обид за убиство. Локалните медиуми напишаа дека Мајра родила ќерка од детективот кога била зад решетки.
Откако го извршиле убиството, парот бил во бегство еден месец. За тоа време, тие престојувале во десет хотели.
За време на апсењето, полицијата запленила пиштол од жените, што е веројатно оружјето за убиството. Последователно, тие ќе бидат обвинети.






