Колку вакви торти треба да се направат во Македонија? Не го изградиле патот за една година па луѓето возвратиле вака и добиле резултат!
Сите знаеме што да правиме кога животот ни дава лимони, но што правите кога ви дава блокади на патишта, затоа што поради „мрзеливост“ на властите се прават цела вечност? Прославете ги! Особено кога тие се едни од оние што навистина се задржуваат и им ги кинат нервите на сите.

Една млада мајка, Натали Накин Харви, подготви вистинска прослава за една година од реконструкцијата на улицата, која никако да заврши. Натали направила торта во духот на прославата, земала роденденски реквизити и направила фотосесија на локацијата.

Таа вели дека идејата ѝ дошла откако во Фејсбук групата на луѓето од соседството некој објавил дека се наближува година од изградбата на патот, таа во коментар одговорила: „Епа тогаш ќе им направам торта!“. Ниту таа ниту соседите првин не помислиле ова навистина да се реализира.

Потегот на Натали станал вирален и локалната власт за да се оправда веднаш се ангажирале и за неколку дена ја довршиле реконструкцијата на патот. Значи можело, а?

Браво за Натали, а колку вакви торти би требало да се направат во Македонија?
