Брод заглавен во Суецкиот канал дневно блокира пратки вредни 9 милијарди долари
Гигантскиот товарен брод, заринкан во Суецкиот канал, блокира пратки вредни околу 9,5 милијарди американски долари дневно, вклучувајќи храна и нафта што ќе има „огромно“ влијание врз светската економија, предупредуваат експертите.
Најмалку 150 бродови сега се заглавени во застојот предизвикан од товарен брод тежок 20000 тони Евер Ден, кој се заринка во тесниот канал во Вторникот, со стока вредна 29 милијарди долари.

Ефектот веќе почна да се чуствува на светските берзи кога цената на суровата нафта порасна за 6% во Средата, свртувајќи ги месечните падови предизвикани од пандемијата на коронавирусите.
Но, вистинската цена на катастрофата ќе биде далеку поголема бидејќи одложувањата на виталните добра предизвикува загуби во фирмите ширум светот. Кејт Хардинг, извршен директор на фирмата за трговски податоци „Кориолис технолоџи“, предупреди дека ризиците за глобалната трговија се „апсолутно огромни“.
Ако каналот не може брзо да се деблокира, тогаш бродските фирми нема да имаат друг избор освен да ги пренасочат своите пловни објекти околу врвот на Африка – пат кој додава 14 дена на патувањето.
Тоа може да значи повисоки цени за стоките што се испраќаат во Европа од Азија, вклучувајќи автомобили и градежни материјали, бидејќи бродските компании ги зголемуваат своите трошоци за да ги покријат трошоците за преземање подолги рути.

Во меѓувреме, извршниот директор на тим холандски експерти, донесен да помогне на спасувачката операција, предупреди дека каналот може да биде затворен „неколку недели“, при што работниците беа принудени да растоварат товарни контејнери поставени на палубата на бродот.
Питер Бердовски, извршен директор на холандската компанија Боскалис, го спореди бродот со „огромен кит заринкан на плажата“, и предупреди дека работниците можеби ќе треба да започнат да растоваруваат товар за да ја намалат неговата тежина за да може повторно да заплови.
„Ова може да трае со недели, во зависност од ситуацијата“, изјави тој. „Тоа е огромна тежина. Можеби ќе треба да работиме со комбинација за намалување на тежината со отстранување на контејнери, масло и вода и други работи“.

