Американската држава Јута донесе закон за забрана на порнографија на мобилни телефони

Гувернерот на Јута, САД, потпиша мерка за забрана на порнографија на мобилните телефони во државата.

Според новото законодавство, потпишано на 23 Март, од сите мобилни телефони и таблети продадени во Јута ќе треба автоматски да блокираат секаков вид на порнографија.

Републиканскиот гувернер Спенсер Кокс рече дека мерката ќе испрати „важна порака“ за спречување на децата да имаат пристап до експлицитна содржина. Сепак, многу критичари сметаат дека тоа е упад во слободата на говорот.

Одлуката нема да стапи во сила доколку пет други американски држави не донесат слично законодавство, наводно додадена е одредба за решавање на загриженоста дека ова би бил тежок закон за спроведување.

Американската унија за граѓански слободи од Јута изјави дека уставноста на нацрт-законот не била соодветно разгледана и рече дека најверојатно ќе се расправа на суд.

Адвокатот на унијата, Џејсон Грот рече:

„Ова е уште еден пример на законодавниот дом за затајување на уставните влијанија на законодавството што тие го донесуваат“.

Ѕвездата на филмови за возрасни Чери Девил е меѓу оние што ја критикуваат мерката и, наводно, го повикала гувернерот да стави вето на мерката, тврдејќи дека тоа може да претставува кршење на правата од првиот амандман.

Сепак, Кокс изјави дека, бидејќи предлогот нема да се донесе веднаш, тој не е премногу загрижен кога станува збор за уставните проблеми.

Спонзорот на законот, претставничката Сузан Пулсифер, рече дека е „благодарна“ што Кокс го потпиша законот и дека се надева дека тоа ќе им помогне на родителите да ги спречат своите деца да бидат изложени на порнографски содржини.

Поддржувачите на нацрт-законот тврдат дека ваквата рестриктивна акција е важен чекор кон помагање на родителите да се осигураат дека нивните деца избегнуваат експлицитна содржина, особено со оглед на тоа што повеќе деца сега имаат свои електронски уреди.