Уметник од Украина ги става луѓето од класичните слики во модерниот живот и резултатот е изненадувачко совпаѓање
Проектот на украинскиот уметник Алексеј Кондаков „Дневниот живот на боговите“ ги меша драматичните ренесансни класични портрети со често идиличните средини на современиот свет, а резултатите се импресивни.
Проектот започна во 2015 година кога Кондаков користеше фотографии што ги направи во Киев, главниот град на Украина и ги користеше како позадина за дигитален колаж направен со Фотошоп.