Само во Австралија: Смртоносен пат што води низ река со алигатори

Австралија нормално не е позната по своите нежни и кревки животински видови, но ова е ново ниво. Патот што минува низ еден дел од Националниот парк Какаду на север поминува низ река полна со алигатори. Не е претерување да се нарече така, бидејќи реките од оваа област се познати под прекарот „алигаторски реки“.

Би било тешко воопшто да го наречеме пат. Тоа е поплавен премин преку реката што го користат автомобили и загрижувачки храбри пешаци. Секоја година десетици возачи заглавуваат во реката. Јасно е зошто се смета за најопасен премин во земјата, но тоа не е крај.

Опасно кралство

Десетици алигатори демнат во калливата река на самиот раб на патот. Вкупно, повеќе од стотина од нив живеат на овие простори. Тешко е да се забележат во водата, која понекогаш изгледа како плитка кал, а понекогаш има форма на лута бујна река која носи сè пред себе.

Оние кои мораат да патуваат тука за на работа велат дека најлошото нешто во текот на ноќта е што за да го видат патот подобро, треба да го осветлуваат со светла. Сцената е како ноќното небо – само темна река и десетици трепкави очи кои излегуваат од неа.

За да бидат работите уште пострашни, постојат статистички податоци кои велат: „За секој алигатор што го гледате, има барем еден што не го гледате“.

Тие не планираат да изградат мост, а популацијата на алигатори (кои се заштитени тука) расте… Зошто не градат мост? Бидејќи локалните Абориџини не сакаат да интервенираат во природата на оваа област.

Кој сака може да проба

Донекаде е утешно да се помисли дека човекот е безбеден се додека е во автомобилот (под услов да не слета надвор од патот во вода). Но, што кога алигатор реши да се протега на средина на патот и да го блокира сообраќајот? Или ако автомобил се преврти и некој заглави под вода полна со алигатори?

Многумина се прашуваат зошто некој воопшто го користи овој премин. Некои затоа што немаат друг избор, некои поради нетрпеливост затоа што ова е многу пократок пат.

Преминот се наоѓа во оддалечен, „див“ дел од северна Австралија каде што не живеат многу луѓе и нема многу туристи. Затоа, во близина нема други патишта што водат преку реката. Во оваа област има само неколку места кои се поурбани, како што е градот Јабиру – има дури и хотел во форма на алигатор.

Сепак, единствените вистински човечки „владетели“ на оваа област се Абориџините, а територијата припаѓа на Националниот парк. Управувањето е доверено на Абориџините и вработените во паркот, познат по реките со алигатори. За да влезете во него ви треба посебна дозвола, но за време на сувата сезона за туристите постои можност за екскурзии и гледање алигатори.