Мајката знае најдобро! Болница во Турција доби необичен пациент благодарение на мајчинската љубов

Мачка во Турција ги стопи срцата откако влезе во болница носејќи го своето новородено маче во устата и побара медицинска помош.

Видео-снимката снимена во болница во областа Карабаглар во Измир, Турција, покажува како мачката влегува во болницата со маче во устата.

Се гледа како луѓето на видеото се тргнуваат настрана за да и дозволат на мајката мачка да помине низ ходникот, а некои им кажуваат на другите луѓе да се тргнат од патот.

На мајката мачка претходно и помогнале вработените во болницата кои оставиле храна и вода надвор за неа.
По прегледот на мачето, лекарите и медицинските сестри откриле дека животното страдало од инфекција на окото и по консултација, ветеринарна клиника интервенирала за да помогне во лекувањето на мачето.

Зборувајќи за настанот, еден од здравствените работници рече: „Ние и дававме храна и вода на мајката мачка што живее на улица. Сепак, не знаевме дека родила мачиња“.

„Како што почнавме да примаме пациенти наутро, таа се појави со своите мачиња. Побара помош, мјаукајќи долго време. Бевме шокирани“.

„По внимателно испитување, видовме дека мачето не може да ги отвори очите поради инфекција“.

„Се консултиравме со ветеринари и постапивме како што ни беше кажано. Кога мачето по кратко време ги отвори очите, бевме воодушевени“.

„Подоцна, ги испративме мајката и мачињата во Узундере за понатамошна грижа. Ова е првпат да ни се случи вакво нешто. Бевме емотивни и воодушевени кога видовме дека тие добро се добро“.