Мама мецана се мачи да ги пренесе нејзините мали „хилигани“ преку патот
Слатка дружина мечиња крјно ја отежнаа работата на нивната мајка која се обидуваше безбедно да ги пренесе преку патот.
Во Винчестер, Конектикат, полицијата го запре сообраќајот во двата правци додека возачите ги набудуваа црните мечки кои се обидуваа да го преминат патот.
На клипот, мајката мечка се гледа како зграпчува едно од нејзините четири младенчиња за вратот и оди преку патот, додека ја следеше друго преслатко младенче.
Сепак, две тврдоглави младенчиња останаа од другата страна, а едното кратко време подоцна забележа дека мајка си заминала.

Потоа се гледа како тоа младенче се пробива низ патот, додека нејзиниот брат или сестра решава да се искачи на бандера.
Мечката е принудена уште еднаш да го помине патот за да го земе и своето четврто тврдоглаво младенче.
Тоа поттикна едно од нејзините младенчиња повторно да ја следи по патот.
Таа прво го зграпчува тврдоглавото младенче и започнува да го преминува патот пред да го стави бебето на сред улица додека се обидува да го зграби другото.

Во еден момент, мечката се чини дека се обидува да ги земе и двете истовремено пред да се разочара и да истрча само со едото, додека другото ја следеше.
Баш кога изгледа дека сите се на безбедно, едно од младенчињата повторно истрчува назад кон средината на патот, поттикнувајќи ја мајката да трча по него.
Гледањата на црна мечка во Конектикат стануваат вообичаени бидејќи нивната популација продолжува да расте.
Најголема концентрација на мечки може да се најде во северозападниот регион на државата.
