Овој свештеник заврши во затвор затоа што донираните 142.000 долари наместо за децата ги потрошил за нешто „покорисно“
Свештеникот Кларенс Смит од Чикаго сепак не е толку „Божји човек“. Тој преку федерална програма добил парични средства за да ги нахрани сиромашните деца преку црквата.
Но, тој станал сомнителен бидејќи бројот на децата за кои тој се грижел постојано „растел“ и од државата барал 1 милион долари.
Откако била спроведена детална истрага надлежните сфатиле дека 45-годишниот свештеник всушност потрошил 142.000 долари од донираните пари за да си купи ново Бентли, а исто така си префрлувал од парите на своја сметка и си купувал работи кои му се „неопходни“.
За да се прикрие незаконската активност, Смит им кажал на државните власти дека евиденцијата што покажува на колку деца им давал оброци била уништени во поплава. Федералната програма се занимава со обезбедување на хранливи оброци и закуски за деца, стари лица и лица со посебни потреби. Улогата на црквата била да им служи на оброци на деца низ градот и потоа да ѝ наплати на државата Илиноис за нивните услуги, според судските документи.
Ова не му била прва измама на Кларенс. Тој во 2001 година измамил стари лица да му ги дадат информациите за нивните кредитни картички и ги оштетил за над 100.000 долари. Кларенс сѐ уште тврди дека е невин и останува во притвор додека не заврши судењето.