На височина од 140 метри: Испреплетен стаклен мост на чиј врв би се искачиле само најхрабрите

Мостот Руји во долината Шенксијанју во кинеската провинција Жejеџијанг стана вистински хит на социјалните мрежи. Поради карактеристичниот дизајн, многумина сметаа дека не е вистински – туку плод на нечија работа во Фотошоп.

Но, овој стаклен мост со три дела е вистински. Покрај тоа, откако е отворен во Септември 2020 година, го посетиле околу 200 000 кинези.

Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е изграден од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри над Шенксијанју. Највисокиот дел од мостот е всушност висок лак до чиј врв водат скали.

Невообичаената метална конструкција на мостот Руји е дизајнирана од Хе Јунчанг, кој го потпишал дизајнот на Националниот стадион во Пекинг, кој уште се нарекува и Птичјото гнездо. Изграден е како главен атлетски стадион за Олимписките игри во 2008 година.

Погледнете како изгледа кога одите преку мостот Руји во видео на YouTube.