10 кратки вицови и афоризми за весел старт на работната недела
Македонија е единствената држава во која секој предмет си има мајка.
– – – – – –
За бракот да трае, треба жената да е слепа, мажот глув, а свекрвата нема.
– – – – – –
Ах, тој Фејсбук! Не ми е криво за гравот, туку за убавото тенџере.
– – – – – –
– Ти читаш ли француски љубовни романи?
– Не, јас гледам германски љубовни филмови!
– – – – – –
– Докторе, Ви благодарам многу!
– Е, де де, не мора да ми заблагодарувате толку, и 1000 денари ќе завршат работа.
– – – – – –
Таа:
– Ми излегоа пликови на рацете од таа метла!
Тој:
– Па следниот пат земи ја колата бе мила…
– – – – – –
– Смири се бе мажу! Комшијата од трети не ми е љубовник, тој е само твој подизведувач!
– – – – – –
За да не се разболите, пред да си легнете, треба да испиете 100 грама ракија за дезинфекција. Вчера си легнав ШЕСТ ПАТИ!!!
– – – – – –
Откако почнав да работам од дома, сфатив зошто мачката постојано ми бара јадење!
– – – – – –
– Леле мажу, само што бев во тоалет. Имам две цртички!
– И јас. Во тоалетот сигналот ни е слаб!
