Лузните на Козјак: Еве какви траги остава нашата „култура“ врз природата
Викендот поради убавото време и фактот дека угостителските објекти не работат познатите излетнички места беа преполни со луѓе. Најголем дел од луѓето внимаваат на себе и најголемите групи беа од по 4-ца членови, но пандемијата не е она што загрижува на овие фотографии од најубавиот поглед, секако сѐ додека не погледнете каде стоите.
Иако кантата за отпадоци се наоѓа на неполни 5 метри од местото каде што се направени фотографиите некои „граѓани“ сметале дека е „огромен напор“ отпадоците од храна и пијалаци кои ги донеле со себе да ги стават на соодветно место. Слична слика беше забележана и во околината. Кога станува збор за нашето здравје подготвени сме да носиме маски, да дезинфицираме раце, да одржуваме максимално ниво на хигиена, но очигледно кога станува збор за природата се водиме според правилото: „И некој друг фрлил…“. Има ли лек од овој вид на „вирус“?
Фотограф: Никола Ивановски
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.