Оние кои студираат климатски промени ќе можат бесплатно да се возат на супер-јахта чиј билет чини 3 милиони долари

Суперјахтата „Земја 300′ опишана како „Олимписки факел на глобалната наука“, треба да исплови во 2025 година со екипаж од 160 научници и 40 ВИП гости.

Јахтата е сè уште во фаза на градење, а нејзините дизајнери велат дека нивната мисија е едноставна: да ги прошират своите знаења за универзумот, над и под океанот.

Пловилото долго 300 метри со 13 ката е 100% еколошко и не испушта стакленички гасови, напојувано е од новата генерација на нуклеарна енергија наречена „Molten Salt Reactor“.

Оние кои се заинтересирани да се вклучат во мисијата можат или да платат 3 милиони долари за 10-дневно возење со суперјахтата или да аплицираат за бесплатно возење во замена за својата експертиза.

За да и помогнат на суперјахтата да ги извршува своите мисии, нејзините дизајнери покануваат научници и студенти на климатски промени посветени на решавање на „најголемите предизвици на нашето време“.

„Покануваме 160 од најсјајните умови во нашата научна сфера и ги опремуваме со ниво на технологија кое до сега не било видено на истражувачки брод  во океанот“, рекоа креаторите на Земја 300.