10 кратки вицови за брзо разведрување на тмурната викенд атмосфера
Се чудам како да му објаснам на странец дека „ми е гајле“ и „не ми е гајле“ означува едно и исто нешто.
– – – – – –
Виагра – последен патрон за стара пушка!
– – – – – –
Толку лоши коментари прочитав за штетата од алкохолот и цигарите, што решив дека веќе нема да читам.
– – – – – –
– Ало, Перо, жена ми е бремена.
– Не сум јас брат, прашај го Ицката.
– – – – – –
Значи нема повеќе човекови права и слобода на движење. Денес излегов да го фрлам ѓубрето со маска, шлем и лична карта. Пак ме казнија. Требало да носам и гаќи.
– – – – – –
– Тато, тато, раскажи ми како сум се родил?
– Вака сине. Приказната започнува со затворената аптека…
– – – – – –
За развод секогаш се виновни двјца… ТАА и МАЈКА Ѝ…
– – – – – –
Македонецот е убеден дека човек работи само кога копа!
– – – – – –
Пресно цеден сок од портокал од 250ml – 100 денари, лименка пиво од 500ml – 50 денари. После, зошто сме биле алкохоличари.
– – – – – –
Вчера си купив чадор и заврна. Денес ќе си купам презервативи.