Работи кои малкумина ги знаат за Марија Шарапова, убавата руска тенисерка која денес наполни 34 години
Марија Шарапова е родена на 19 април во 1987 година, но иако млада зад себе има оставено блескава кариера, секако со неколку падови. Шарапова има освоено Златен слем на кариерата-победувајќи на сите четири гренд слем турнири. Во 2004 година, на 17 години, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон, а во 2006 година беше најскапо платената спортистка во светот. Но, ако мислите дека Марија дошла лесно до оваа позиција, грешите. Нејзиниот успех се должи не само на талентот и трудот кој го вложила, туку и жртвите на нејзините родители. Нека ѝ е среќен роденденот на Маша, а ова се неколку работи кои не сме ги знаеле за сега поранешната тенисерка.
Таа потекнува од мал град во Сибир

По нуклеарната несреќа во Чернобил од Хомјел, Белорусија родителите на Марија се преселиле во малиот град Њагањ во Сибир. Градот тогаш бил новоформиран и секогаш броел околу 50.000 жители. Но, тие не се задржале долго таму.
Иако целата кариера играла за Русија, таа едвај се сеќава на животот таму

На седум години, Шарапова отишла во САД, заедно со нејзиниот татко Јури. Човекот не зборувал англиски па затоа морал да работи секаква работа за неговата ќерка да може да се пробие во тенисот. Нејзиното семејство било разделено, затоа што мајка ѝ не можела да дојде поради визниот режим. Тоа успеала да го направи дури по неколку години. Оттогаш, Шарапова живее во САД, но сѐ уште има руско државјанство.
На Марија и беше доделена стипендија од тениската академија Ник Болетиери

Откако го открија нејзиниот извонреден талент, на Марија ѝ беше доделена целосна стипендија од тениската академија Ник Болетери во Брадентон, Флорида. Академијата е позната по производство на други легендарни играчи како Андре Агаси, Борис Бекер и сестрите Вилијамс.
Марија стана најмладата Русинка што освоила Грен слем

Марија постигна успех доста рано во својата кариера, бидејќи го одигра својот прв WTA турнир на 15-годишна возраст. На иста возраст, таа стана најмладиот финалист на јуниорскиот Австралија Опен во 2002 година. Сепак, нејзиниот најголем момент се случи во 2004 година кога го освои синглот на Вимблдон, со што стана најмладата Русинка што освоила Грен слем, победувајќи ја Серена Вилијамс во финалето.
Моментот кој ја уништи младата тенисерка

И покрај тоа што постигна огромен успех во тениската кариера, таа претрпе неуспех кога се покажа дека е позитивна на Мелдониум, забранета супстанца според Светската антидопинг агенција. Во март 2016 година, таа призна дека ја зела супстанцијата, а потоа доби забрана од две години од Меѓународната тениска федерација (ITF). Ова многу влијаеше на Шарапова.
Уште неколку кратки факти за Маша:

Првиот договор со Најк Шарапова го потпиша во 1997 година кога имаше само 11 години.
Освен тенисот, таа е исто така модел и учествуваше во голем број кампањи.

Таа исто така поседува успешна линија за слатки по име Шугарпова.
Таа донираше прилично големи износи за проекти поврзани со Чернобил.

Таа беше најбараната спортистка на Yahoo во 2005 и 2008 година.
