Двејн Џонсон „Карпата“ ја изненади најмалата ќерка со видео порака од Џејсон Момоа

48-годишната sвезда Двејн Џонсон го прослави третиот роденден на својата најмала ќерка Тијана со неколку слатки објави на Инстаграм и дури ја изненади со персонализирана порака од 41-годишниот актер Џејсон Момоа.

Во клипот Џејсон вели дека му е жал што не можел да биде таму, но во блиска иднина ќе донесе подароци за неа и двете сестри и тие би можеле да се дружат покрај океанот и да уживаат во активности како качување по карпи и сурфање.

Момоа го заврши видеото со зборовите: „Жал ми е што не сум таму, но те сакам и кажи му на твојот татко дека и него го сакам“.

„Ќе се видиме наскоро, среќен 3-ти роденден“.

Тијана изгледа го имаше најдобриот роденден досега, таа со огромна насмевка на лицето го гледаше видеото заедно со семејството.