Кои се правилата и процедурите доколку жена се породи во авион за време на лет
Иако нема официјални изјави за ова, познато е дека околу 60 бебиња се родени во небото и тие се познати како „небесно роденчиња“ или „возхушни роденчиња“. Авион не е сала за породување за која идна мајка би сонувала, но може да се случи и имало многу такви случаи во минатото, а во некои случаи, новороденчето добивало посебни подароци и привилегии.
1. Екипажот треба да одлучи дали е потребно итно слетување

И покрај тоа што повеќето авиокомпании сега имаат поставено ограничувања за тоа до која фаза на бременоста жената смее да лета (обично не подоцна од 38 недели или 30 дена пред датумот на породување потврден од лекар) сепак постојат начини на кои може да се случи неочекувано породување.
Како прво, стјуардесите не се обучени да породуваат. Така, во тој момент, сите ќе се надеваат дека има лекар или медицинска сестра на летот. Ако нема медицински професионалци во авионот, стјуардесите ќе дејствуваат како акушерки и ќе помогнат да се роди бебето. Ова, најверојатно, ќе се случи ако не постои начин тие да направат итно слетување, а летот едноставно продолжи до првичната дестинација.
2. Не постои едно правило што се однесува на државјанството на бебето

Додека правилата не се поставени во камен и можат да се менуваат во зависност од авиокомпанијата и територијата над која лета авионот, едно е сигурно: бебето ќе го добие истото државјанство како неговата мајка и татко.
Другите 2 можности се дека бебето ќе добие државјанство на земјата каде што е регистриран авионот или каде е авионот за време на породувањето. На пример, ако бебе се роди на кој било дел од територијата на САД, дури и во воздух, веднаш ќе добие државјанство на САД. Но, ако бебе се роди во британскиот воздушен простор, тоа нема да добие документи во Велика Британија.
3. Некои авиокомпании може да дадат бесплатни билети за бебето

Има само неколку бебиња кои добиле бесплатни летови за цел живот, како едно машко бебе кое е родено на индиска авиокомпанија и девојче родено на лет на „Египет ер“.
Бебињата кои се родени на „Полар ерлајнс“, „Ер Азија“, „Азија пацифик ерлајнс“ или „Ервејс“ – и едно бебе од летот на Вирџин Атлантик – добија бесплатни билети до 21-та година од животот. И во 2017 година, едно момче се роди на летот на „Спирит ерлајнс“ и беше наградено со бесплатни билети за летање само на неговиот роденден доживотно, но исто така и со дополнителен гостин патник.
4. Авионот може да се преименува во чест на бебето

Во 2019 година, лет на JetBlue слета со дополнителен патник. Достапниот медицински персонал и екипажот помогнаа да се роди машко бебе илјадници милји во воздухот. Авионот го преименуваа во „Born to Be Blue“ според бебето и нивниот најмлад клиент досега.
Бебињата може дури и да добиваат подароци од авиокомпаниите. Во 2018 година, на летот Чик-фил-А се родило девојче. Од компанијата ѝ дадоа храна за цел живот и дури ѝ беше загарантирана работна позиција за кога ќе биде доволно возрасна.
5. Здравјето на бебето може да биде изложено на ризик

Постојат неколку причини зошто авионот не е идеално место за раѓање на бебе. Како прво, воздухот таму горе е потенок, што ќе го отежне дишењето на бебето. Второ, во авион, нема никаква високотехнолошка опрема што ќе помогне во породувањето, како на пример доколку е потребен царски рез. Исто така, ушите на новороденчето може да се соочат со потешкотии поради воздушниот притисок.
И покрај тоа што е прилично ретко да се случи раѓање во воздухот, екипажот ќе се погрижи мајката да се чувствува што е можно посигурно и пријатно. Мајката може да се премести во попространа област, како прва класа или деловна класа.
