10 кратки вицови за поубав ден
Порано им се смеев на дебелите – се здебелив, потоа на лудите – полудев. Сега им се смеам на богатите, но нема ефект.
– – – – – –
Кога ја прочитав содржината на кроасанот, сфатив дека е попаметно да го изедам пакувањето.
– – – – – –
Има два типа на жени. Домаќинки и романтични. Кога ќе видат прашина на масата, домаќинката веднаш ја брише, а романтичната црта срце.
– – – – – –
Доктор и пациент се среќаваат на улица:
– Како ви е главоболката денес?
– А, супер е, отиде на 3 дена кај мајка ѝ.
– – – – – –
– Каде ќе одите на одмор оваа година?
– Како да ти кажам, кога си го видовме буџетот и понудите, решивме дека не сме до толку уморни!
– – – – – –
Таман ќе собереш пари за развод… и оп, ќе ги потрошиш на некоја нова љубовница!
– – – – – –
Додека пеев вчера во дневната, некој го скрши прозорецот со камен, за да слуша подобро.
– – – – – –
– Ти почнуваш да ми се допаѓаш, толку си смешен и забавен!
– Е, тоа не е ништо, а па да ме видиш гол!
– – – – – –
Секој си мисли дека мечтата на секоја жена е да го најде совршениот маж. Глупости, мечтата ѝ е да јаде без да се дебелее.
– – – – – –
Повелете во нашата нова спортска продавница! Сѐ за спортот! Телевизори, фотелји, пиво, чипс!