Повеќе привлечни причини што ќе ве охрабрат да поминувате повеќе време во природата
Престојот во природа нè прави поздрави и посреќни. Постојат студии кои сугерираат дека само гледањето фотографии од природата може да има смирувачки ефект на целиот организам. Имајте го ова на ум кога размислувате за реновирање на вашиот дом.
Секако дека немаме можност да одиме на планина, шума, езеро или река секој ден …
Сепак, дури и прошетка во парк ќе го направи нашето секојдневие поубаво
Во секој случај, престојот во природа, дури и оној што трае околу десет минути, ни ги полни батериите и е добар за нашето здравје. Ако ви треба поттик уште повеќе да и ’се приближите на природата, прочитајте ги бенефитите подолу.
1. Престојот во природа ве прави посреќни

Ако го искористиме времето во природа за вежбање, придобивките растат. Оваа комбинација може да ви го олесни чувството на вознемиреност, и ако во близина има вода како езеро, река, езерце … придобивките се зголемуваат.
2. Престојот во природа може да го намали стресот
Пониските нивоа на кортизол, познат и како хормон на стресот, доведуваат до подобро расположение и подобрување на целокупното здравје. Бидејќи стресот е поврзан и со зголемување на телесната тежина и со зголемен ризик од дијабетес, колку повеќе го намалите, толку ќе бидете поздрави, а одењето во природа помага да се намали нивото на овој хормон.
3. Престојот во природа го намалува воспалението и ја подобрува функцијата на имунитетот
Истражувањата покажаа дека луѓето кои престојуваат во природа може да имаат помалку воспалелни процеси од оние кои не го прават тоа.
4. Престојот во природа има корисен ефект врз сонот и нивото на енергија во текот на денот
Престојот во природа може да ве подмлади и психички и физички. Следниот пат кога ќе почувствувате како да ви снемува енергија наместо кафе или дремка, прошетајте во природа, оваа прошетка ќе ви ја врати енергијата и ќе ви помогне да спиете подобро.
5. Престојот во природа е добар за здравјето на срцето
Излегувањето на отворено лесно се претвора во активност што помага во намалување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Забрзајте го темпото, одете на ридовите … На крајот, вашето расположение ќе биде подобро, а нивото на стрес пониско.

6. Престојот во природа му годи на мозокот
Истражувањата сугерираат дека одењето во природа има корисни ефекти врз меморијата и способноста за фокусирање. Исто така, студиите покажаа дека луѓето кои поминале четири дена во природа имале поголема способност креативно да ги решаваат проблемите.
7. Престојот во природа го зголемува нивото на витамин Д.

Витаминот Д игра важна улога во расположението и функционирањето на имунолошкиот систем. Исто така, влијае на тежината, апетитот и метаболизмот. Недостаток на витамин Д е вообичаен во современиот свет, а изгрејсонцето е токму она што ви треба во тој случај.
