Масивна суперијахта фатена како „се стиска“ низ тесниот холандски канал

Фотографирана е огромна суперјахта која се пробива низ тесните холандски канали. Бродот долг 94 метри, Проект 817, е изграден од бродоградилиштето Феадиш и требаше да се пренесе од објектот во Каг до пристаништето Ротердам, опкружено со Северното Море.

Фотографиите направени од од фотографот Том ван Осанен покажуваат извонредна сцена, додека гигантската јахта се стиска низ тесно спакувани редови на куќи и продавници. Влечена и водена од многу помали бродови големината на јахтата направи околината да изгледа многу малечка.

Според веб-страницата на Федишип, Проектот 817 треба да го направи своето патување до Абу Даби оваа година и е еден од најголемите што беше лансиран во 2021 година.

Осанен за Си-Ен-Ен изјави дека оваа рута често се користи за транспорт на суперјахти до пристаништата и гледа околу четири до шест пловни објекти секоја година, сепак, малкумина се големи колку што е Проектот 817.

„Секогаш е голема операција. Секој сака да го гледа тоа.“, рече тој додавајќи дека иако се креираат спектакуларни фотографии тоа предизвикува хаос кај жителите на градот.

Тој вели дека ако случајно закажете на лекар тој ден, голема веројатност е дека нема да успеете да стигнете оради бавната, внимателна природа на трансферот.

„Потребно е многу време. Никој не брза, бидејќи не сакате да ја гребете бојата. [Капетаните] се многу искусни во тоа што го прават. Очигледно се вклучени многу пари, така што сакате да ги правите работите како што треба.“, објаснува тој.

И покрај нарушувањето, бродоградилиштата немаат други опции, бидејќи каналот е единствениот пат до морето.