10 кратки вицови за весел старт на работната недела
Веќе се навикнав дека вагата лаже, но и огледалото почна…
– – – – – –
– Зошто не ми кажа дека си мажена и имаш деца?
– Паа… Малку сум срамежлива.
– – – – – –
Брачно советувалиште. Прашање кон сопругот:
– Сметате ли дека вашата сопруга ве сака?
– Да, да, толку многу ме сака, што од мерак ќе ме изеде. Поточно ме јаде секој ден.
– – – – – –
На пиво фестот Октоберфест во Германија решиле да го наградат човекот кој ќе испие најмногу пиво за време на фестивалот. Победил Македонец, кој го гледал фестивалот на телевизија.
– – – – – –
Муштерија се жали во сендвичара:
– Извинете, но овој сендвич воопшто не личи на сликата во менито…
– Е, добро и што?! Ајде вие покажете ми ја вашата профилна слика на Фејсбук?
– – – – – –
– Тања, зошто плачеш?
– Видов реклама дека бонбоните „Рафаело“ те правеле среќна. Си купив и јадев и не станав среќна!
– Тие се јадат во Италија на море за да си среќна, а не на нивата на пауза од копање!
– – – – – –
Мислев да ѝ пишам на една, но видов дека сама си ги лајкувала сликите, па си велам:
„Зае*и… таа сама ќе си пише.“
– – – – – –
Инструкторот седнува во автомобилот. Возачки испит полага една плавуша.
Инструкторот:
– Погледнете во ретровизорот!
А плавушата:
– Зошто? Да не ми се размачкала шминката?
– – – – – –
Бабата:
– За колку време ми е автобусот?
Зетот:
– За 2 часа, 28 минути и 15 секунди!
– – – – – –
Современа верзија на приказната за Црвенкапа.
– Бабо, а зошто ти се толку големи?
– Силикон, бабе!