Главен детектив е деградиран откако тој и неговата сопруга одлучија да се „забавуваат“
Луѓето прават глупави работи за да се покажат како влијателни на социјалните мрежи. Сепак за еден полициски службеник на висока позиција да си ја земе сопругата за да се провозат со службениот хеликоптер е малку повеќе од „момент на забава“.
Акарапол Јикох, детектив во полициската станица Удон Тани, заврши на погрешната страна на дисциплинската постапка, откако се појавија снимки на интернет, со што брзо се собраа илјадници погледи и се привлече вниманието на властите.

Саксит Саијазумбут, дописник на Channel News Asia од Тајланд, објави на Твитер: „Постар полицаец Удон Тани е предмет на внатрешна истрага по објавата на ТикТок од страна на, како што се чини, неговата сопруга на заедничко возење со полициски хеликоптер. Клипот беше повлечен скоро веднаш, но не пред да биде копиран и широко споделен.“

Видеото, кое е сè потешко да се лоцира откако го избриша еден од оригиналните споделувачи, покажува како парот ужива во возењето со хеликоптер со мелодијата: „How Do I Live“, додека позираат надвор од авионот, сценски погледи од летот и парот како позира внатре во хеликоптерот.

Новинарот додава: „Локалните медиуми известуваат дека според портпаролот на националната полиција на Тајланд, возењето со хеликоптер прикажано на видеото на ТикТок било на 28 септември 2019 година (оттаму веројатно недостаток на маски) и дека жената била сопруга на високиот офицер. Дали е сѐ уште негова сопруга не е познато.“

Детективот бил тргнат од својата моментална положба и ставен на неактивна функција, сметајќи се за стандардна казна за „злоупотреба на службена должност.“ Тој исто така се формира комитет за испитување на инцидентот, надевајќи се дека тоа ќе го „заштити имиџот на организацијата“ и ќе спречи понатамошно оштетување на полицијата.
Многу луѓе се поѓегуваа на нивна сметка на Твитер: „Ова е причината зошто треба да се бара минимум 3-цифрен IQ за да се надмине работна позиција на собраќаец.“ или пак коментарот „Се колнам дека повеќето луѓе можат да се извлечат од многу работи, само што се доволно глупави да го објават тоа и да бидат фатени.“
