10 кратки вицови и афоризми за уште поубав ден
– Мажу, решив овој пат и јас да дојдам со тебе во Италија. Какви алишта да си земам?
– Работнички и пижама…
– – – – – –
Сопругот се врати од пат малку порано и виде малку повеќе.
– – – – – –
„Купидом“ – старогрчки бог на хипотеките!
– – – – – –
– Ленче, претерано многу трошиш на шминка, ќе полудам!
– Зоки, ако ме видеше без шминка, одамна ќе полудеше!
– – – – – –
Кога бев дете ми објаснуваа колку добро ќе живеам после 30 години ако учам напорно. Учев, изучив, поминаа и тие 30 години. Сега ми објаснуваат колку добро сум живеел како дете.
– – – – – –
Баба ми секогаш ми велеше: „Внучко, најстрашната безработица е кога не ти работи главата!“
– – – – – –
Дедо ми пак, секогаш ми велеше: „Внучко, за да живееш, треба да работиш. А за да живееш добро, треба да правиш нешто друго!“
– – – – – –
Љубов е, кога околу тебе има сто жени, а ти мислиш само на пет-шест.
– – – – – –
Љубител на алкохолот си, ако знаеш кога затвора продавницата. Алкохоличар си, ако знаеш кога отвора.
– – – – – –
Жените после 40 се како мафијата. Многу гревови, а ниту еден сведок.