Тамара има само 19 години и троши огромни суми на пари за пластични операции

19-годишната Тамара има мисија да биде „Најдобра Барбика на Беверли Хилс“ – и не се плаши да потроши многу за да стигне до таму. За помалку од една година, таа потроши над 100.000 долари на пластична хирургија за да го постигне својот изглед на кукла.

„Кога ќе се погледнам во огледало, гледам совршена кукла Барби, со големи усни, мал струк и голем задник“. Сонот на Тамара да изгледа што е можно попластично започна кога таа имаше 13 години и штом наполни 18 години, за прв пат отиде под нож. Во исто време и беше направен првиот бразилски лифт за задник и зголемување на градите. Покрај големите пластични операции, Тамара се грижи и да го одржува својот изглед на Барби со редовни филери, и во усните и до образите. Сега сакајќи да го подигне својот изглед на следното ниво, Тамара бара да направи една од поинвазивните операции; отстранување на ребро. Но, дали ќе сака да продолжи со постапката откако ќе дознае за ризиците?