Жена со ретка болест живее во одделот за интензивна нега цели 11 години
Ретката болест на жената ѝ ги ослабнала мускулите и ја присилила да живее во одделот за интензивна нега во болницата повеќе од една деценија, затоа што многу скапиот лек што ѝ е потребен не го покрива кинескиот здравствен систем.
Женг Јунинг за прв пат е хоспитализирана со респираторна слабост во февруари 2009 година и оттогаш живее во болницата за традиционална кинеска медицина Кингјуан во кинеската провинција Гуангдонг.
![]()
Две години откако за прв пат била примена на интензивна нега и ставена на апарат за дишење таа стана првиот пациент во нејзиниот град и нејзината провинција на кој му беше дијагностицирана болеста Помпе.
![]()
Состојбата е официјално позната како болест на складирање гликоген тип II, нарушување што ги оштетува мускулните и нервните клетки низ целото тело. Прогресивната слабост на мускулите – или миопатијата – е предизвикана од акумулација на гликоген како резултат на недостаток на лизозомскиот ензим познат како киселина алфа-глукозидаза.
![]()
Освен што е трајно прицврстена за машина за дишење, најлошите делови од состојбата на Јунинг се спречуваат со повремени инјекции на лекот за замена на ензимот алглукозидаза алфа, познат и како Миозим. Овој лек не е опфатен со кинескиот здравствен систем.
![]()
Развиен во САД од страна на компанија сега позната како Санофи Гензим и е поддржан од Управата за храна и лекови на САД, тој е единствениот одобрен лек на рецепт за состојбата и како резултат е еден од најскапите третмани во светот. Бидејќи лекот стана достапен само во 2007 година и не влезе во кинескиот пазар уште една деценија, родителите на Јунинг мораа да го купат преку Хонг Конг со астрономски трошоци од 80.000 јени (10.000 евра) за третман во 2012 година.
![]()
Според болницата, 31-годишната Јунинг еден ден би можела да дише без помош и може дури и да се врати во нормален живот ако е во можност доследно да го прими својот ензимски третман повеќе од една година. Но, нејзината скапа терапија може да се одржи само ако лекувањето на болеста Помпе е поднесено во рамките на кинеската програма за јавно здравствено осигурување.
