Шанса која не смеете да ја пропуштите: На аукција ќе се продава најстарото виски на светот „Old Ingledew“

Шишето виски е полнето меѓу 1763 и 1803 година. Порано сите шишиња од ова старо виски му припаѓале на познатиот банкар Џ.П. Морган, кој ги купил на едно патување во америакнската држава Џорџија. Неговиот син Џон, потоа во 1940-тите ги подарил на тогашниот гувернер на Северна Каролина, а две шишиња виски завршилњ дури и во рацете на претседателите Френклин Рузвелт и Хари С. Труман. Ова последното е всушност единственото шише што преживеало.

Аукцијата ќе се одржи онлајн во последната недела од јуни. Почетната цена на едно шише „Old Ingledew“ виски ќе биде меѓу 20 и 40 илјади долари. Вадате ги Биткоините и наддавањето може да започне!