10 кратки вицови за долго смеење
– Драги, што ти рече докторот?
– Ми препорача да пијам повеќе ракија.
– Не ми се верува! Баш со тие зборови ти кажа?
– Па, ако треба да го цитирам, рече „И помалку вино”, но смислата е иста…
– – – – – –
Жената го прашува мажот:
– Каде ни е книгата „Како да доживееме до сто години“?
– Ја фрлив.
– Зошто?
– Затоа што видов дека мајка ти ја читаше…
– – – – – –
Дами вистина ли е? Полн стомак и празни јајца = весела и среќна куќа!
– – – – – –
Маж седи во ходникот на детсктата градинка. Покрај него поминува воспитувачка и го прашува:
– Дете ли чекате?
– Нее! Ова е пивски стомак!
– – – – – –
Не троши го кафето без цигара и бракот без љубовница!
– – – – – –
Пијана жена – среќен кревет.
– – – – – –
Од двете најчесто користени фрази „Те сакам!“ и „Произведено во Кина“, нито една не дава гаранција!
– – – – – –
– Тато, зошто Земјата се врти?
– Како така се врти, бе!? Да не си ми ја испил ракијата?
– – – – – –
Ако една жена не може да му предизвика нервен слом на мажот, тоа значи дека тоа не е неговата жена.
– – – – – –
– Кои се најкористените справи во секој фитнес центар?
– Вагата и огледалото.
