10 кратки вицови за повесел викенд
Влегов во црквата да се изповдам, на излегување, попот беше викнал полиција!
– – – – – –
Се среќаваат двајца другари на улуица:
– Брат, знаеш ли дека имаш двојник?
– Личи ли на мене?
– Нее, ич не личи, ама оди со жена ти бе глуп!
– – – – – –
Семејна вечера, мажот намуртен, тивок, замислен. А жена му се чуди, како да му ја каже радосната вест?
– Миличок, бремена сум!
– Ајдее и таа.
– – – – – –
За да има разбирање во бракот, треба еднаш жената да е во право, а друг пат – мажот да е крив!
– – – – – –
– Опишете ја накратко вашата плата.
– Офофоф!
– – – – – –
Ако една жена не ти го крене од сабајле, значи тоа не е твојата жена. Зборувам за притисокот…
– – – – – –
Задача:
– Ако Петар зема 15.000 денари плата, а жена му Марија троши 30.000 денари. Знале ли Петар за Јован?
– – – – – –
– Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најубав кој е?
– Со здравјето како си?
– Одлично.
– Тоа е најважно.
– – – – – –
– Мажу, што правиш бе, толку време на прозорецот?
– Се чудам ма, дали да го затворам или да скокам!?
– Ајде скокај, јас ќе го затворам!
– – – – – –
– Што правиш со виното што ќе ти остане?
– Не го разбирам прашањето.

