Дали знаете како да се спасите во случај на пожар? Пред 185 години биле основани првите противпожарни служби во Македонија!
Во 1836 година на 20 мај биле основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија. Сите добро знаеме дека во случај на било каков пожар најпаметно е да свртиме 193, исто така професионалните пожарникари освен во случај на пожари помагаат и при потешки несреќи, како и отстранување на потенцијални опасности од пожари.

Но, што да направиме доколку не можеме да се јавиме во противпожарните служби? Или доколку се најдеме во ситуација каде што мора да регираме веднаш за да си го спасиме животот. Денес ќе ви покажеме како да реагирате доколку се најдете сред шумски пожар и во случај кога пожарот е во вашиот дом.
Пожар дома

Ако вашата облека се запали најлошо е да почнете да трчате наоколу, така огнот се шири побрзо. Запомнете го правилото: „Застани, падни, тркалај се“. Хоризонталната положба ќе ја спаси главата и косата, како што пламенот секогаш се оди нагоре, а тркалањето на земјата брзо ќе го изгасне. Ако забележите дека се запалила облеката на друго лице, треба да фрлите некој потежок материјал врз него, како што е килим или палто.
Во собата со чад, одете кон излезот, држејќи ги ѕидовите, за да не ја изгубите ориентацијата. Свиткајте се или ползете бидејќи чадот оди нагоре и на подот се дише полесно.

Ако не е можно да се евакуирате, користете го тоалетот. Оставете ја облеката на рачката на вратата на влезот – врзете шамија, закачете ја јакна. За пожарникарите, ова е знак дека има некој внатре. Потоа отворете ги славините, мокроте ја облеката и сите можни работи и обложете ја вратата со нив, затворајќи ги сите пукнатини. Веднаш навлажнувајте ги со вода и чекајте ги пожарникарите.

Доколку пожарот е предизвикан од масло, во никој случај не се обидувајте да го изгасите со ова. Ова може само да ја влоши ситуацијата.
Ако живеете во зграда не се обидувајте да избегате со лифт, користете ги противпожарните скали или доколку нема движете се по скалите. Новите згради често имаат и стрелки кои ќе ве водат надолу.
Шумски пожар

При шумски пожар најопасна е „жештина што зрачи“ (radiant heat). Тоа е жештина што ја чувствувате како од логорски оган, но може да биде до 50.000 пати посилна Жештината што зрачи е најголемиот убиец при пожар. Човечкото тело едноставно не може да апсорбира големи количества на жештина што зрачи.
Доколку се најдете во место каде што има шумски пожар првин покријте ги сите делови од телото.
Треба да се оддалечите што е можно повеќе, затоа што со удвојување на вашата оддалеченост од оганот ја намалувате жештината што зрачи за четири пати.

Во ситуации кога нема други опции, засолнувањето во едно од следните места може да ве заштити:
- кола застаната на отворен простор
- изорана ливада или зелена површина
- водена површина (на пример, плажа,пливачки базен, езеро, река итн)
Доколку сте во автомобил

- Паркирајте подалеку од густа шума или висока трева – обидете се да најдете чистина.
- Покријте се со волнени ќебиња и спуштете се поднивото на прозорците – треба да се заштитите од жештината што зрачи која ќе помине низ стаклото.
- Затворете ги сите отвори за вентилација и исклучете го клима уредот. Изгаснете го и моторот.
