Поучна приказна: Зошто луѓето кога се лути викаат?
Хиндуистички учител се шетал со своите ученици и наишол на семејство чии членови луто викале еден на друг.
Се насмевнал и ги запрашал своите ученици: „Дали знаете зошто луѓето викаат еден на друг, кога се лути?“
Учениците размислувале некое време.
Еден од нив одговорил: „Викаме затоа што го губиме својот мир.“
„Но, зошто мора да викаме кога другиот е покрај нас?!“ – прашал учителот.
Учениците дале уште неколку одговори, но учителот не бил задоволен од ниеден одговор.
Конечно се решил да им објасни: „Кога луѓето се лутат, нивните срца се оддалечуваат. За да ја покријат таа оддалеченост мора да викаат за да се слушнат. Колку се по лути, толку погласно викаат. Кога луѓето се сакаат, не викаат еден на друг туку зборуваат нежно затоа што нивните срца се блиску. Разликата меѓу нив не постои или е многу мала.“
Хиндуистичкиот учител продолжил: „Кога се сакаат уште повеќе, знаете ли што се случува? Шепотат, и се зближуваат меѓусебно се повеќе. На крајот веќе нема потреба ниту да шепотат, само се гледаат.“
„Затоа, кога се расправате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат. Не кажувајте работи кои ќе ве оддалечат, зашто ќе дојде денот кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што нема можете да го најдете патот назад.“