Живописната плажа во Калифорнија се претвори во „село“ за бездомници

Добредојдовте на плажата Венеција, Калифорнија. Тоа е место каде се собираат туристи и локални жители за да видат гатачи на тарот-картички, уметници за тетоважи, имитатори на рапери и уметници кои се обидуваат да заработат пари продавајќи ја својата уметност, но сега плажата е преполна со бездомници.

Додека туристите и локалното население сè уште го посетуваат иконското шеталиште , бројот на посетители се намали како што се борат со постојано растечката армија бездомници и криминалот кој ги придружува. Цените на имот паднаа за 10-30%.

Населението бездомници на плажата Венеција расте како печурки – во 2014 година само 175 луѓе живееја на плажа, а пет години подоцна бројката беше повеќе од 1.200 бездомници – но во последните неколку месеци ситуацијата излезе од контрола.