Британец кој мрази телевизори целиот дом си го претворил во аквариум
Љубител на риби го претвори својот дом во џиновски аквариум – затоа што мрази да гледа телевизија. 47-годишниот Џек Хиткот инсталирал мрежа со девет цистерни во неговиот приградски дом. Тој дури и го претвори својот подрум во резервоар длабок 213 см.
Поранешниот советник не сака да гледа телевизија, но сака да гледа како пливаат неговите 400 риби. „Јас со часови можам да гледам како тие комуницираат едни со други. Многу е релаксирачко.“, вели тој. Неговиот интерес за риба започнал кога тој имал десет години и се вратил дома со златна рипка по посетата на аквариумот Блекпул.
Оттогаш, тој потроши околу 20.000 фунти за обновување на неговиот дом во Нотингем. Џек користел три ѕида за да создаде резервоар од 426см на 366см, со 21821 литар вода.









